Погребен британскиот принц Филип

од Andreja Salpe
341 прегледи

Британскиот принц Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, е погребен денес во кралската крипта во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Филип почина на 9 април, на 99-годишна возраст.

Ковчегот со телото на британскиот принц Филип, беше превезен во кралската крипта на замокот Виндзор со специјално адаптираниот „ленд ровер“, а по него пеш чекореше поворка од високи членови на кралското семејство, вклучувајќи го и принцот Чарлс и неговите синови, принцот Вилијам и Хари.

Кралицата Елизабета Втора беше во задниот дел од колоната во бентли додека ковчегот со војводата од Единбург се движеше кон капелата Свети Џорџ.

Слични содржини