Погубена воспитувачка во Кина поради труење деца во градинка

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Поранешната воспитувачка Ванг Јун беше погубена во централна Кина затоа што пред четири години истурил отров натриум нитрит во детска каша, при што едно дете починало, а 24 имале здравствени проблеми, објавија кинеските државни медиуми.

Ванг (39) неуспешно поднесе жалба на казната што првично беше изречена во септември 2020 година од Средниот народен суд во градот Џиаозуо, провинцијата Хенан, објави „Ројтерс“.

Вчера истиот суд го потврдил нејзиниот идентитет, била спроведена до местото на извршување и била извршена смртната казна, се вели во соопштението на судот, пренесуваат државните медиуми.

Слични содржини