Потребно:
– 8 парчиња леб
– 2 дл млеко
– 3 јајца
– 3 лажици шеќер во прав
– 1 лажица маргарин
– 3 лажици масло
– 1 мажица мелен цимет
– 1 банана
– 1/2 лимонов сок
– 250 гр чоколадо за готвење
– 100 гр шеќер во прав
– 125 гр маргарин
– 3 јајца
– 30 гр брашно
– 100 гр бадеми
Подготовка
Стопете го чоколадото на пареа и оставете го малку да се олади. Изматете го маргаринот и шеќерот, пенесто, па постепено додавајте ги јајцата и чоколадото.
Потоа додајте го брашното и мелените бадеми. Гответе на пареа две-три минути, покријте го и ставете го во ладилник на 30 минути.
Во тава загрејте го маслото и маргаринот. Натопете го лебот во смесата од јајца, извадете и ставете го во тавата. Пржете од двете страни додека не добие златна боја. Потоа извадете го лебот и оставете го да се суши на хартија.
Исечкајте ги бананите на кругови па потопете ги во лимонов сок.
Секое парче леб намачкајте го со оладеното чоколадно полнење, на него ставете неколку кругови банана, поклопете со друго парче лев па посипете ги со шеќер во прав и цимет.