Поинакви декорации за божиќната трпеза

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Украсите за новогодишна трпеза се многу важни. Без нив духот на Божиќ се чини дека бледнее. Можете да си направите одлична декорација за масата на неколку лесни начини.
de1585f085163c93fc7355c7c1330f1f

Наполнете еден длабок стаклен свеќник со стапчиња цимет. Ставете во средината широка свеќа со арома на ванила. При палењето  во просторијата не само што ќе се разнесе арома на ванила, но и при загревањето циметот ќе започне да оддава неверојатен мирис. Чудната мешавина на мириси ќе придонесе за силно божиќно расположение.83418ff099fe74609301482e86b0031f

Друг едноставен начин да си направите декорација за божиќната трпеза е да наполните овални тегли или мали аквариуми со вода. Во нив да ставите свежо гранче по избор или некаков плод. На површината на водата оставете да плови мала свеќичка од оние во сопствена фолија.b97a59e3dae247797df19bc7ec077cc6

Друг неверојатен начин да се создаде расположение на масата екако ги замените обичните свеќници со стаклени чаши за вино. Превртете ги наопаку. Под нив ставете по неколку ситни Божиќни топки или лампиони. А на превртените столчиња на чашите подредете  ги свеќичките. Прекрасно, елегантно и нестандардно!