347
Состојки:
– 65 гр овесни снегулки
– 200 мл млеко
– 1 банана
Подготовка:
Изгмечете ја бананата со вилушка. Колку е позрела бананата, толку послатка и повкусна ќе биде кашата.
Ставете ја испасираната банана во тегла со капак, додадете овесни снегулки и млеко и сè добро измешајте.
Ставете во фрижидер преку ноќ.
Извадете ја наутро од фрижидер и појадокот е подготвен.