233
Енергичен појадок за детоксикација.
Состојки:
– 70 гр овесни снегулки
– 1 лажичка чиа семе
– 1/4 лажичка цимет
– 125 мл незасладено бадемово млеко
– 100 гр јогурт
– 1/2 банана
– 100 гр компот од ананас
– 50 гр боровинки
– 1 лажица сечкани бадеми
Подготовка:
Во чинија или тегла ставете ги овесните снегулки, чиа семето, циметот, бадемовото млеко и јогуртот и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.
Наутро додадете банани и ананас, па изблендирајте во блендер.
Посипете ги со боровинки и бадеми.