“Покајание-спасение” за Обама: Либија е мојата најголема грешка!

од desk3
88 прегледи

Недостатокот на план за иднината на Либија по интервенцијата на НАТО е мојата најголема грешка, изјави претседателот Барак Обама во интервју за Fox News, цитирано од страна на CNN.

“Веројатно тоа што не успеав во плановите за тоа што ќе се случи по интервенцијата во Либија, која ја сметам за правилна”, рече тој во одговор на прашањето каков е неговиот најголем неуспех како шеф на државата.

zx450y250_2740318

Во последните недели Обама на неколку пати ја спомена интервенцијата на НАТО во Либија, која доведе до соборување и смртта на полковникот Моамер Гадафи во 2011 година

“Социјалниот ред во Либија беше скршен”, рече претседателот во портрет интервју за “Атлантик”. Тој тврди дека земјите од Европа и Заливот настојувале за интервенција и покрај неговата колебливоста. “Но, во последните децении во такви околности се случува истото – луѓето не притискаат за акција и потоа не сакаат да преземат никакви ризици.”

The New York Times: Јаценјук стана симбол на “украинскиот ќорсокак”

Обама потсетува дека САД добиле мандат од ОН, направиле коалиција за напад, потрошиле околу 1 милијарда долари и избегнале голем број цивилни жртви, но и покрај тоа Либија е потоната во хаос.

Според него, тоа се должи не толку на Американците како на пасивноста на европските партнери. Британскиот премиер Дејвид Камерон “се отфрли на други работи”, а тогашниот претседател на Франција Никола Саркози “сакаше да крева врева околу учеството во воздушната кампања, иако ја бевме елимирале воздушната одбрана и ја изградивме целата инфраструктура” за интервенција, коментира Обама.

обама доле

Племенските односи во Либија исто одиграле улога, бидејќи поделбата меѓу различни сили во земјата ја попречила американската армија да почне да ги обучува локалните војници и да ги снабдува со ресурси.
Северноафриканска земја е во хаос, откако со месеци владата на националното единство не може да ја воспостави својата власт. До неодамна Либија имаше две влади и два парламенти – едните во Триполи, а другите во Тобрук, а владата во Тобрук е меѓународно призната. Во меѓувреме “Исламска држава” го интензивира присуството таму.

Неодамна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини предупреди дека околу 500 000 мигранти и бегалци од Либија може да се насочат кон Европа. Таа изјави дека Брисел разгледува какви се можностите за испраќање на цивилна мисија за имиграција и безбедноста во земјата.

libya460

Филијалата на “Исламска држава” во Либија веќе започна напади против соседен Тунис. Околу 50 милитанти влегоа од Либија во пограничниот град Бен Герд пред недели, нападна армиски и полициски станици, а премиерот Хабиб Есид изјави дека “Исламска држава” цели да го освои градот и да ги прошири териториите .

Нападот беше едно од најтешките во историјата на земјата и разгори стравувањата дека конфликтот во Либија може да се истури и на Туниска територија. Минатата година џихадисти, обучени во кампови во Либија, одржаа два одделни напади врз странски туристи во Тунис, а над 3.000 локални жители влегле да се борат за “Исламската држава” во Сирија и Ирак.

Италија веќе испрати 50 лица од специјалците да се приклучат на веќе постоечките сили од САД, Велика Британија и Франција, кои се занимаваат со разузнавачки мисии. Рим овозможи на Вашингтон да одржува и напади со беспилотни авиони во Либија од воздухопловната база во Сицилија.

Британија и Германија испратија свои воени советници во Тунис, за да помогнат за ограничувањето на “Исламска држава” и заштитата на границата меѓу двете земји. Неодамна туниските власти изградија 200-километарска ограда долж границата со Либија со цел да го запрат влезот на џихадисти. Европски и американски војници ќе ја советуваат армијата како да го подобри електронското набљудување.