Покажан за првпат пиштолот со кој се самоубил Ван Гог

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Зошто големиот постимпресионист си го  пресекол едното уво? Што е природата на неговата болест?ван гог

Пиштолот со кој се самоубил Винсент ван Гог во 1890 година во француското село Овер сур Оаз, беше изложен за првпат во музејот на уметникот во Амстердам, пренесе Франс прес.

 

Зошто големиот постимпресионист си го  пресекол едното уво? Што е природата на неговата болест? Зошто се самоубил, само 37-годишен?  На сите овие прашања  се бара одговор на  изложбата “На границата на лудоста”.

Малиот рѓосан пиштол од приватна колекција, за прв пат  е прикажан на публиката,и е најверојатно оружјето со кое Ван Гог  го ставил крајот на своите денови .
Уметникот се самоубива на 27 јули. Во овој ден тој го  напушта хотелот во Овер сур Оаз со четки и триножник. Неколку часа подоцна тој се враќа повреден и умира  во рацете на неговиот брат Тео едно деноноќие подоцна. Оружјето така и не беше отворено, додека во 1960 година еден земјоделец не наоѓа во нива 7 милиметри мал пиштол. Специјалистите открија дека тој стоел во земјата во текот на 50-60 години. Ниската му огнена моќ објаснува зошто куршуми одблизу е рикоширал врз ребрата му. Изложбата ќе биде отворена до 25 септември.