Показна Вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Мото Клубот Guardian Angels MC во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба во кругот на домот (поранешно сајбер кафе во кругот на Студентскиот Дом Стив Наумов) на ден 22.04.2023 (сабота) година, ќе организира Показна Вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот „Погледни двапати, Спаси Живот“. Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба и да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура. Показната Вежба ќе започне од 11.00 часот и ќе трае до 12.00 часот.

Како дополнување по завршувањето на вежбата ќе биде организирано дружење на присутните во Клупските простории каде сите ќе можат да донираат облека или парични средства за оние на кои тоа им е потребно. Паричните средства ќе бидат наменети за спасување на еден млад живот – Никола, кој боледува од рак на коските.

За мотивот за организирање на ваков настан разговараме со Претседателот на Мото Клубот Guardian Angels MC Благоја Бади Апостолов.

Со првите топли денови, за жал почнуваат и нашите проблеми како учесници во сообраќајот.

Разговараме често во мото круговите па и пошироко на таа тема, БЕЗБЕДНО НА МОТОР, овој пат решивме тоа да биде еден посериозен и помасовен настан, Групна едукација, почнувајќи со показната вежба за повреден мотоциклист, по нашки моторџија.

Нашиот клуб ,еве веќе 15та година постои од таа причина што сакаме да делуваме едукативно на сите учесници во сообраќајот.
Како го правиме тоа? Од почеток на летово во нашите клупски простории почнуваме со предавања околу тоа како треба да се вози мотор , тоа ќе го каже стручно овластено лице, инструктор, но тука сме и ние со нашите години искуство во секакви ситуации да споделиме несебично се околу тоа.

Ќе бидат поканети на тие едукативни предавања сите што сакаат да почнат да возат мотор, за малолетници ќе инсистираме да дојдат со своите родители, старатели, да видат со што се нивното дете или млад човек ќе се соочи на улиците во сообраќајниот хаос кој владее мноооогу години.

Ова не е единствен хуманитарен настан во организација на Guardian Angels MC, тие веќе 15 години во октомври организираат и крводарителска акција, која според бројот на учесници е една од најмасовните според статистиката на Црвениот Крст.