Хит мобилната игра “Pokemon Go” официјално е повеќе популарна од порнографијата, пишува “Индипендент”.
Констатацијата следува од статистиката со најбараните зборови во “Google” во последната недела. “Порно” (поточно англиското “porn”) одамна се смета како своевиден таван на најбараните поими на глобално ниво, што ја открива предвидливата природа на основните човечки интереси, коментира британското издание. Многу ретко зборот отстапува со владеењето во најпопуларниот интернет пребарувач, па во поскоро случај тој беше надминат од “Brexit” во деновите пред референдумот во Британија. Сега истото се случува со “Pokémon Go”.
Веќе популарната низ целиот свет апликација му овозможува на играчот да бара и доловува фантастични суштества од јапонската анимирана серија. Играта ја користи камерата на смартфонот, за да ги растера суштествата во вистинскиот свет, на пример врз масата, на некое дрво или до кантите за ѓубре.
На 11 јули пребарувачката на “Pokémon Go” во “Гугл” го надминала “porn”, а во последните два дена продолжува да ја зголемува предноста. Повеќето барања доаѓаат од земји во кои апликацијата веќе е официјално достапна – САД, Австралија и Нов Зеланд.
Во моментот “Pokémon Go” има повеќе дневни корисници од социјалните мрежи како “Твитер” и “Тиндер”.