Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино ги изнесе своите впечатоци по пресвртот и победата над Манчестер Јунајтед.
Натпреварот изобилуваше со пресврти, „сините“ поведоа со 2:0, по што следеше пресврт на Јунајтед за 2:3, а потоа во фото финиш два гола на Кол Палмер. Погоди во 10. и 11. минута од судиското надополнување за нов пресврт и победа од 4:3.
Покетино истакна дека играта била неверојатна и дека неговиот тим заслужил да победи.
„Се чинеше дека ќе загубиме, но фудбалот е таков, нешто се случи, секогаш треба да верувате до крајот. Им кажавме на играчите дека има уште време, да веруваат дека можеме да дојдеме победа. Емотивна победа, три бода и важна победа затоа што сакаме да ја намалиме разликата меѓу тимовите пред нас“.
Потоа следеше интересна изјава на Покетин во која истакна дека „тој не е кловн, туку фудбалски тренер“.
„Тимот мора да покаже страст трчајќи, обидувајќи се повторно да ја освои топката, постигнувајќи голови… Мислам дека тоа е страста што сакаат да ја видат нашите навивачи. Јас мора да бидам смирен, да бидам аналитичен, да го гледам натпреварот и да се обидам да помогнам од секој аспект. Треба да се концентрирам, а на крајот од натпреварот можеме да покажеме страст, како сега на крајот од натпреварот. Фантастично е, но ова не е циркус, нема да бидам кловн зошто не сум, јас сум тренер. Ако некој сака кловн нека го најде“, подвлече Покетино.