Надреалистичка слика во вредност од 280.000 евра е пронајдена покрај контејнер за рециклирање хартија во Германија, објави полицијата.
Имено, уметничкото дело на францускиот сликар Иво Тангуј од исклучителна вредност случајно го остави бизнисмен на аеродромот во Дизелдорф.
Сликата била спакувана во картонска кутија, а тој заборавил да ја земе пред неговиот лет кон Тел Авив на крајот на минатиот месец, а кога сфатил дека ја нема, контактирал со полицијата веднаш штом слетал.
Целата мистерија за овој случај беше решена дури откако неговиот внук од Белгија пристигна во Дизелдорф и разговарал со полицијата. Инспекторот успеа да ја пронајде сликата покрај контејнерот за рециклирање што работниците го користат за чистење на аеродромот.
– Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни оваа година. Тоа беше вистинска детективска работа – изјави портпаролот на полицијата Андре Хартвиг.