Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска на Твитер објави дека во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц го покренал прашањето за почитување на меѓународните правила кои го регулираат третманот на воени заробеници.
Германската канцеларка и украинскиот претседател разговарале и за зајакнување на одбранбената поддршка за Украина и се согласиле дека треба да се направи се за да се „извлечат“ украинските житарки наменети за извоз од Украина, особено по морски пат, додаде портпаролот, пренесе „Ројтерс“.
Украинскиот претседател изјави дека во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц го покренал прашањето за почитување на правата на воените заробеници.