Пол Макартни: Она што ми го кажа Џон Ленон пред смртта ме шокираше

од Stefanija Kuzmanovska

Пол Макартни се осврна на животот на Џон Ленон на подкастот на iHeart Radio и откри како покојниот член на Битлси размислувал за смртта со години пред да биде убиен пред својот стан во Њујорк на 40-годишна возраст.

Мекартни откри колку Ленон бил нервозен што не знаел како луѓето ќе го паметат по неговата смрт: „Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го паметат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар бидејќи направи многу за да го докаже тоа“.

„Бев, на некој начин, како неговиот свештеник. Честопати ќе морав да кажам: ‘Синко, ти си одличен, не грижи се за тоа’, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш би се чувствувал многу подобро“, додаде тој.

„Тој беше навистина посебен“

81-годишниот музичар откри и како било да се соработува со Ленон: „Кога некој ќе ме праша како беше да се работи со Џон, велам дека беше неверојатно“.

Тој се присети и на моментот кога дознал дека Ленон бил убиен на 8 декември 1980 година, а веста за неговата трагична смрт одекна низ светот.

„Не можам да го опишам тоа со зборови. На сите им беше тешко затоа што беше толку сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен“.

Новата песна на Битлси со Џон Ленон на вокал беше објавена минатата недела, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо.

Слични содржини