Пол Вокер постхумно ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

од Stefanija Kuzmanovska
338 прегледи

Познатиот актер Пол Вокер постхумно ќе биде награден со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Починатиот актер ќе ја добие ѕвездата една деценија по неговата смрт, во 2023 година. Покрај него, ѕвезда постхумно ќе добие и пејачката Џени Ривера, пишува „Хола“.

Смртта на Вокер и Ривера ја шокираше целата светска јавност. Пол Вокер почина на 40-годишна возраст, во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во 2013 година. Автомобилот во кој се наоѓал удрил во бандера и дрво, а потоа се запалил. Пол зад себе ја остави ќерката Медоу Рејн Вокер, која во моментот на несреќата имала само 14 години. Џени загинала во авионска несреќа во близина на Монтереј, Мексико во 2012 година.

Холивудската патека на славните е една од најпознатите знаменитости на Лос Анџелес и милиони туристи го посетуваат ова специфично место секоја година. Во моментов има околу 2.700 ѕвезди.

Слични содржини