Пред десет години на денешен ден, целиот свет беше шокиран од веста за смртта на познатиот актер Пол Вокер.
Ѕвездата на филмовите „Брзи и бесни“ загина во тешка сообраќајна несреќа на 40-годишна возраст.
Судирот се случил попладне во Јужна Калифорнија во близина на градот Санта Кларита. Поршето на Вокер удрило во столб и дрво, а потоа се запалило. Спасувачите се обиделе да го изгаснат запалениот автомобил, но нивните напори не дале резултат.
Во несреќата загинал и неговиот пријател Роџер Родас кој бил зад воланот.
За смртта на познатиот актер и денес се шпекулира, а неговата смрт е обвиткана со мистерија и контроверзии.
Пол зад себе остави ќерка, Медоу Рејн Вокер, која во моментот на несреќата имала само 14 години.
Со години се шпекулира за смртта на познатиот актер, а додека некои мислат дека се работи за несреќен случај, има и такви кои веруваат дека се работи за убиство.
Таблоидите објавија дека Пол е убиен поради неговата хуманитарна работа, а сообраќајката била наместена. На таа приказна важност ѝ дава и тоа што полицијата соопшти дека причината за кобната несреќа не можела да се утврди најмалку три месеци бидејќи автомобилот бил целосно уништен, што им ја отежна работата на вештаците.
Мајката на Пол, Шерил во документарец за неговиот живот раскажа дека тој кобен ден потполно заборавил на обврските и дека планирал да ја украси елката со својата ќерка, но потоа добил порака да потсети хуманитарен настан и на патот до таму доживеал несреќа.