360
Англиските медиуми пренесуваат дека на Олд Трафорд се подготвува големо летно „проветрување“ на тимот.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од неколку скапи фудбалери, а идеални купувачи се клубовите од Саудиска Арабија.
Како што пишуваат на Островот, Рафаел Варан и Арон Ван Бисака се најблиску до Ал Наср, клубот во кој игра легендата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
За Французинот е заинтересиран и Ал Итихад, додека Касемиро наводно е најблиску до Ал Хилал, клубот во кој играат Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед им посочил на богатите Саудијци дека им се на располагање повеќе играчи.