Леб од пченично брашно во 2011 година чине 53,31 денари, а минатата година цената во просек му била 52,38 денари. Со една просечна плата пред девет години можеле да се купат 391 килограм леб, а во 2019 година 90 килограми повеќе (481 килограм), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната цена на маслото за јадење во 2011 година беше 83,59 денари, додека минатата година цената му беше за 30% пониска (58,92 денари). Па така, со просечната плата пред девет години можеа да се купат 249 литри масло, а денес 179 литри повеќе (428 литри).
Податоците покажуваат дека во 2011 година, просечната цена на јајцата беше 7,04 денари, а минатата година 7,87 денари или 12% поскапо. Со просечната плата во 2011 година можеле да се купат 2.961 јајце, а ланската година 243 јајца повеќе или 3.204.
Шеќерот пред девет години имал просечна цена од 55,79 денари, а лани дури 42% помалку или 32,43 денари. Лани со просечната плата сме можеле да купиле 777 килограми шеќер или 404 килограми повеќе во споредба со 2011 година (374 килограми).
Намалување на цените има кај нафтените деривати, па ако еден литар Еуросупер БС – 95 во 2011 година чинел 76,09 денари, лани бил 66,92 денари или 12% поевтин.