Полесно им беше на Пиноче и Франко- и најгенијалниот економист неможе да му помогне на Путин

од desk3
106 прегледи

 

Рускиот претседател нема намера да се откаже од својата амбициозна и скапа надворешна политика. Тој сака да игра водечка улога во светот. Затоа и нема потреба од советите на либералите, анализира DW.

0,,19244037_303,00

Во пролетта на 2003 години во Москва се одржа конференција “Стратегијата на Русија”. Во неа учествуваше кремот на тогашнata политичкa и експертскa елита: Борис Немцов ja претставуваше либералната опозиција, Глазев беше претставник на национално-патриотските сили, Владата беше претставен од Дворкович, а крупниот бизнис – од Ходорковски. Тогаш изгледаше дека овие успешни и уверени во себе луѓе ќе ја дефинираат идната стратегија на Русија.
Тешко можеше да се замисли дека двајца од четворицата главни говорници ќе бидат зафатени од трагични настани: неколку месеци подоцна Ходорковски беше уапсен и испратен во затвор за повеќе од десет години, а Немцов беше убиен. По губењето на либералното крило, политичкиот систем заврте нагло во национално-патриотски насока. Сега силни политички фигури се луѓе како Глазев кој стана советник на претседателот, и неговиот поранешен опозициски партнер од партијата “Татковина” на Рогозин, кој пак беше назначен за вицепремиер.

Базата или надградбата?

Скандалозниот Едвард Сноудeн: Јапонците се предмет на тотално следење од САД

По отстранување на либералите од донесувањете на политички одлуки, Путин сепак допушта некои од нив до учествуваат во формирањето на економскиот курс на земјата. Повеќето руски либерални економисти се рожба на “марксистичкиот Шинел” на советските универзитети. Тие цврсто веруваат дека по создавањето на економска пазарна основа ќе се формира и демократска политичка надградба. Токму затоа многу од нив го поддржаа Путин, кој вети дека ќе ги заштити пазарните реформи и резултатите од прераспределбата на сопственоста во 1990-те години.

0,,15821788_404,00
Рускиот претседател тргна со целосно спротивна логика. Решавањето на економските задачи за него е само начин за постигнување на амбициозните политички цели. Неодамнешниот спор меѓу Путин и Кудрин за време на седницата на Економско совет ја демонстрира некомпатибилноста меѓу централизираниот економски и централизираниот политички пристап. Кудрин го советуваше Путин да ги намали геополитичките тензии, за да може да се вклучи, макар и со споредна улога во меѓународните технолошки процеси. Путин приговараше и зборуваше за милениуми историја на Русија, која “нема да одстапи од својот суверенитет”. Рускиот претседател не е заинтересиран за економските успеси на еден спореден играч. Тој сака даја игра водечка улога во светот.

Затворен круг

Проблемот на Путин се состои во тоа што неговата скапа надворешна политика води до продлабочување на кризата и “голта” економски ресурси, неопходни за негово продолжување. Рускиот претседател не е подготвен да се откаже од таа политика. И беќе најгенијалниот финансиер не може да му помогне да излезе од овој затворен круг.

Создадената за време на Кудрин “дебела калса” се топи пред нашите очи. Друг познат либерален економист – Гуриев – докажува со бројки дека со продолжување на сегашната политика резервниот фонд ќе биде исцрпен уште во 2017 година. Во таква ситуација економијата може да биде спасена само ако Путин се откаже од експанзионистичкиот надворешен курс. Но рускиот претседател не сака да ги слуша “ниските вистини” на либералите, кои се обидуваат да го исецкат сонот за големодржавна преродба.

generali
Има многу примери во историјата кога либерални економисти успевале да помогнат на диктаторите да се справи со тешкотиите. Но само кога станува збор (Пиноче, Франко) за луѓе без надворешно-политички амбиции. Владетелите ориентирани кон надворешно-политичка експанзија, немаат потреба од пазарни економисти, туку од специјалисти по мобилизационна економија која ќе издржи надворешно влијание и санкции. Затоа и руската власт нема потреба од луѓе како Кудрин, туку од такви како Глазев и Рогозин. Резултатот од ова е видлив: во последните години Кремљ успешно ја неутрализира активноста на либералната опозиција. Пред следните парламентарни избори беше одржана специјална операција против партијата ПАРНАС: државната телевизија емитуваше специјален филм, кој го компромитира лидерот на партијата Касјанов, а потоа властите ги пропаднаа прелиминарните избори со објава на личните податоци на гласачите. Сето тоа нашрави раскол во демократската коалиција и ја дискредитира партијата ПАРНАС. Така власта покажаа јасно дека нема да дозволи реална либерална опозиција во руската Државна дума.

А либералите имаат потенцијал: дури и во услови на оваа пропагандна кампања, која се води против нив, тие можат да земат меѓу 25 и 30 проценти од гласовите на избирачите. Речиси една четвртина од Русите би сакале нивната земја да влезе во ЕУ, а 29 проценти од избирачите признаваат дека човековите права се поважни од редот во државата. Судејќи според овие бројки, првите слободни избори ќе им овозможат на либералните партии да формираат фракции во Државната дума и да влијаат активно врз политиката во земјата. Но сето ова е можно само по Путин. И ако се исполнат пророштвата на либералните експерти за неизбежниот економски крах на сегашниот режим.