Polestar го отвори својот прв изложбен салон направен целосно од снег, наречен Polestar Snow Space.
Инспириран од минималистичкиот дизајн на седиштето на компанијата во Гетеборг, Шведска, овој објект се наоѓа во Рованиеми, Финска, во внатрешноста на Арктичкиот круг. Салонот нуди уникатно искуство на заинтересираните клиенти на Polestar, но за краток временски период.
Snow Space го изгради финската компанија Frozen Innovation. Компанијата изгради околу 50 различни снежни и ледени структури во изминатите 15 години, вклучувајќи хотели, барови и мал замок.
Според извршниот директор на Frozen Innovation, Тави Хеикила, компанијата користела 3.000 кубни метри снег од локалниот ски-центар Оунасвара за да ја изгради коцката. Објектот е висок 12 m, со ѕидови со дебелина од 2 m. Завршувањето на проектот траеше шест недели, вклучително и две недели изградба.
Електричниот Polestar 2 EV е достапен за тест возење на блиската снежна патека, додека самиот автомобил е прикажан во рамка во коцка заедно со скулптури од мраз (тркала, делови за суспензија и сопирачки) направени од локални уметници.
Polestar Snow Space е отворен до 26 февруари 2023 година.