Во месец јули 2015 година американската полиција убила повеќе луѓе во споредба со другите месеци во годината – 118 фатални случаи. Ова станува јасно од тековната истрага, The Counted, на британското издание “Гардијан”.
Се проценува дека американската полиција може да убие повеќе од 1 150 луѓе во оваа година.
Податоците од јули ставија крај на надолната тенеденција на извршени убиства од американски полицајци во последните четири месеци – во март се убиени 113 лица; 101 во април; 87 мај и 78 јуни.
Најмалку 20 од загинатите во јули – повеќе од еден на шестмина, биле невооружени.
Од 118-те фатални случаи во изминатиот месец 106 загинале од прострелни рани, што го прави јули првиот месец во 2015 година, при што бројот надминува 100. Двајца загинаа, откако полицајци користеле електрошоково оружје “Тејзр”; двајца загинале при судир со полициски автомобил и 8 умреле по кавга при приведувањето .
Британското издание го регистрирало секое убиство од полицаец во САД оваа година, бидејќи федералната влада не објави детали.
Во јули најмалку 8 жени, од кои 5 се црнци, починале во затвори во САД. Според статистичките податоци на Бирото за правда на САД од 2000 до 2012 година околу 10 жени умирале во локалните затвори секој месец.
