Полицијата отвори оган врз активистите кои денеска се собраа на гробот на Махса Амини за да ја одбележат 40 дена од нејзината смрт и почнаа апсењата, јавува сведок на Ројтерс.
Активистите повикаа на демонстрации за одбележување на 40 дена од смртта на девојката која почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската морална полиција, каде што беше затворена поради „несоодветна облека“.