По подолга пауза, пејачката Тамара Тодевска се врати на сцената и деновиве промовира нова песна.
Најуспешната претставничка на Македонија на Евровизија вели дека песната „Горда“ која ја изведе на најважниот европски фестивал во Израел пред две години е нејзиниот најголем успех во кариерата, но дека верува и во идни проекти.
Таа проговори и за врската со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и нивните деца.