1,2K
Полицијата во Лос Анџелес и Американската администрација за борба против дрогата (ДЕА) покренаа заедничка кривична истрага за смртта на американскиот актер Метју Пери, кој почина пред половина година од ефектите на анестетикот кетамин кој го доби на рецепт, соопштија денеска полициски извори.
Тие покренаа заедничка кривична истрага за тоа како Пери ги набавил лековите на рецепт, изјавија извори за „Лос Анџелес Тајмс“.
Пери почина на 54-годишна возраст на 28 октомври 2023 година, во када во неговиот дом, со траги од кетамин, кој понекогаш се користи за лекување на депресија, според зборовите на лекарите од Лос Анџелес.