Судири меѓу полицијата и активисти кои протестираат против рациите против имиграцијата избувнаа во центарот на Лос Анџелес доцна во петокот, по серијата федерални рации кои, наводно, резултираа со десетици апсења низ целиот град.
Серијата изненадувачки рации од страна на агентите на американската служба за имиграција и царина во центарот на Лос Анџелес во петокот предизвикаа реакција од избраните функционери и демонстрантите, кои остро ги критикуваа дејствијата како „сурови и непотребни“ и рекоа дека сеат страв во имигрантската заедница, објави „Лос Анџелес Тајмс“.
Снимките во живо на Ројтерс покажаа полицајци од Полициската управа на Лос Анџелес, опремени со шлемови и заштитна опрема, како се соочуваат со демонстрантите во центарот на Лос Анџелес.