Полицијата ја однела мајката на Данка на местото на исчезнувањето: Направена е реконструкција на движењето

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Полицијата вчера отишла со мајката на малата Данка Илиќ на местото каде исчезна девојчето, дознава „Блиц“.

Ова е направено за да може мајката да им го покаже секој чекор и детал од денот кога исчезнала во Бор.

Направена е реконструкција на нивното движење. Заедно со неа полицијата ги проверувала сите информации и сознанија, додава српското издание.

Двегодишната Данка исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор, а потрагата по неа трае веќе петти ден.

По нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.

Слични содржини