Полицијата казнува: Спремете си 45 евра ако го немате ова во возилото

од VIktor_P
2,1K прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Доколку ве фатат без зимска опрема ќе платите 45 евра во денарска противвредност.

На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, пишува на веб страната на АМСМ.

Слични содржини