Полицијата откри 16 од напаѓачите во Келн, но не ги знае нивните имиња

од desk3
85 прегледи

Германската полиција, во текот на анализата на видео снимки, идентификува 16 осомничени за учество во масовниот напад на жени во Келн на Нова Година.

germany-cologne-sex-attacks

Ова го соопштија од полицијата. Лицата на осомничените се гледаат јасно на материјалите со кои располагаат полицајците, но нивните имиња и адреси се уште не се утврдени.

Како што стана познато порано, околу 1000 млади луѓе, претежно со “арапско и северноафриканско потекло” неколку часа пред доаѓањето на Новата година се собрале на плоштадот до Келнската катедрала и централната железничка станица, потоа се разделиле на мали групи и извршиле напади врз жени.

Репортери без граници: ЕК да заземе цврст став кон Полска

Досега само од Келн во полицијата примила 121 пријави од повредени, кои известуваат за напади, силувања, грабежи, навреди. Околу 50 од пријавите се обработени од полицијата на Хамбург, има слични случаи и во Берлин и Штутгарт, но не е познато дали случаите се меѓусебно поврзани, дополнува ТАСС.