Полицијата откри грозоморна информација за убиецот од Прага: Давид убил уште две лица пред масакрот на колеџот

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Чешката полиција откри нови детали за масовниот убиец од Прага, наведувајќи дека тој сега е осомничен и за две убиства што се случија минатата недела.

Чешкиот министер за внатрешни работи и полицијата го открија на прес-конференција, каде што рекоа дека полицајците работат на теоријата дека напаѓач од факултетот во Прага е одговорен за смртта на две лица минатата недела во шумата Клановички во близина на Прага.

Се верува дека напаѓачот, кој нема криминално досие, ги избрал своите жртви по случаен избор.

Официјални лица потврдија и дека денес во Прага се убиени 14 лица, а 25 се ранети, од кои 10 се тешко ранети.

Инаку, Давид Козак беше идентификуван како човекот кој отвори оган на Универзитетот во Прага. Козак бил студент на Факултетот за уметности.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е мртов, а мотивот за пукањето сè уште не е познат.

Слични содржини