Полицијата откри хотелски соби, користени од атентаторите од Париз

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Француската полиција открила хотелски соби и апартмани, веројатно користи од атентаторите кои учествувале во крвавите напади во француската престолнина во петокот, пишува британското издание “Индипендент”.

 

4513246

Салах Абдеслам кој е баран од властите во цела Европа, користел кредитна картичка, за да ангажираат две соби во хотел во Алфортвил, предградие на Париз, неколку дена пред нападите. Се претпоставува дека најмалку двајца негови соучесници, или бомбаши, пристигнале два дена пред нападите во хотелот, кој сепак не е опремен со безбедносни камери Според француското издание “Le Point”, кое добило пристап до собите 311 и 312, во нив имало шприцеви и шишиња, остатоци од пица, а душеците на креветите биле  превртени. Шприцот може да  ги потврди  претпоставките дека некои од напаѓачите биле дрогирани  за време на нападите. Некои од преживеаните објавиле  дека стрелците се држеле “како зомби”, иако сеуште полицијата не објави резултати од судските анализи. Пораките за откриените хотелски соби се појавија откако претходно беше соопштено дека е пронајден стан, кој беше користен од барем еден од атентаторите. Според друго француско издание – “Le Figaro”, GPS податоци од возилото Сеат, кој биле  користени од напаѓачите,ја  одвело полицијата до стан за изнајмување во друго предградие на Париз, каде извесно време поминал Ибрахим Абдеслам – брат на Салах. На местото властите откриле смартфони.