Полицијата пронајде дива плантажа на марихуана

од Milan1
14 прегледи

Министерството за внатрешни работи откри дива плантажа за марихуана во струшко и му поднесе кривична пријава на газдата како и на фирмата.

Според кривичната пријава, тие спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во селото Драслајца струшко, без во фирмата да има ниеден вработен, склучиле договор и набавиле сув цвет од канабис.

Педесет и осумгодишниот сопственик И.Б. за договорот за набавка на сувиот цвет од канабис не го известил Министерството за здравство, не обезбедил 24 часа физичко обезбедување, 24 часовен видео надзор, не обезбедил соодветни мерки за обезбедување на складираниот канабис.