Полицијата пронајде 10 килограми незаконски уловена риба, приведени три лица

од Milan1
52 прегледи

– На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), сите од охридското село Трпејца. При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба белвица и грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и риболовен алат, информираат од МВР.

Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини