Полицијата во Брисел не го затворила метрото 20 минути пред атентатот поради лажна адреса

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Наредбата за прекин на движењето била испратена на погрешна адреса

Наредбата,со која требало да се затвори метрото во Брисел час пред терористичкиот напад, во која загинаа 16 лица, не успеала да стигне до соодветните органи, бидејќи електронското писмо било испратено на погрешна адреса. Два обида за известување на соодветните власти дека двајца бомбаши се експлодирани во аеродромот, не успеале даја  достигнат дестинација, откри комисија која го испитува нападите од 22 март.Третиот бомбаш се разнесе во метрото во близина на метро станица Молебек во центарот на Брисел, 21 минути по испраќањето на првото предупредување кое така и не било добиено. Вкупно 32 лица загинаа во двата напади – 16 на аеродромот и ист број во метрото. Џо Декјупер (Jo Decuyper), шефот на железничката полиција за регионот на Брисел, рекол пред комисијата дека тој дознал за атентатите во 08:03 часа – малку по избувнувањето на бомбите во аеродром Завентем. Сепак, им било потребно речиси еден  час на властите, за да одлучат дали да го запрат сообраќајот на јавниот транспорт. Првата заповед за запирање на метрото била испратена во 08.50, пишува CNN, но таа не успеала да стигне до нивната дестинација. Полицајците потоа се обиделе да се поврзат со Декјупер кој добил наредбата дури по нападот на третиот бомбаш, бидејќи електронското писмо испратено четири минути пред нападот во Малбед, поминала во неговиот приватен профил. Декјупер исто така, им рече на законодавците во средата дека националната мрежа за комуникации при вонредни ситуации, позната како ASTRID, не функционираше добро и некои пораки кои тој се обидел да испрати од  телефон, се “заглавени во кутијата за испраќање”. Меѓутоа, тој инсистираше пред комисијата дека дури и да добил пораката навреме, тој немал како да реагира, бидејќи запирањето на мрежата бара најмалку 30 минути. “Дури и да имав копче за запирање и евакуација, кој природно не постои, тој немаше да може да го спречи она што се случи”, рече тој, пишува De Standaard.