Полицијата во Северна Ирска денеска соопшти дека на гробиштата во Креган, во близина на Дери, пронашла четири предмети за кои постои сомневање дека се бомби.
Според Ројтерс, полицијата извршила операција за проверка на јавната безбедност, неколку часа пред посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Северна Ирска.
„Откривањето на овие уреди беше уште еден застрашувачки и вознемирувачки развој“, рече помошник началникот на полицијата Боби Синглтон.
Според извештаите, Бајден доаѓа во Белфаст во политички чувствителен период за Северна Ирска, бидејќи се одбележува 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на повеќегодишните конфликти во таа земја.
Синглтон додаде дека истрагата ќе ја преземе Единицата за истраги за тероризам.