Полицијата запрела „летечка чинија“, ја предупредила да не „вози со брзина на светлината“

од Milan1
55 прегледи

Патрола на сообраќајната полиција во Оклахома во САД неодамна на автопат запрела необично возило, кое личело на НЛО. Полицаецот Рајан ВанВлек забележал дека „летечката чинија“ не застанала на задолжителниот знак, па решил да дејствува.

Во возилото нашол две весели патнички кои се упатиле – сосема неочекувано – на годишниот фестивал на НЛО во Розвел.

„Не секој ден запирате НЛО во сообраќајот. Патниците се пуштени без казна, со предупредување“, соопштија од полицијата.

Се додава дека возачот бил предупреден да го почитува ограничувањето на брзината на меѓудржавен пат, пренесува UPI.com.

„Да не вози со брзина на светлината“, се вели со шеговит тон.

Слични содржини