Поранешен шеф на Пентагон: САД поседуваат НЛО и пристапија до неговата внатрешност! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Д-р. Џејмс Лацатски, поранешниот шеф на програмата на Пентагон наречена Advanced Aerospace Weapons System Application Programme, која буквално би можеле да ја преведеме како „Напреден апликациски програм на составот на воздушно оружје“, изнесе бомбастично тврдење и во разговор со Џереми Корбел потврди дека Американската војска поседува непознат летечки објект!

„Соединетите Американски Држави имаат летало од непознато потекло и успешно пристапија до неговата внатрешност“, рече Лацатски.

 

„Леталото има аеродинамична конфигурација, односно е погодно за аеродинамичен лет. Сепак, тоа не поседува контролна површина, класични крила, а очигледно нема мотор, резервоари за гориво“, го опиша леталото Лацатски.

На прашањето како е можно тој предмет воопшто да се доживее како летало, Лацатски одговори дека се уште не е во состојба да одговори на сите прашања поврзани со таа тема и објасни дека некои детали сè уште се сметаат за деликатни, меѓу другото, затоа што целата приказна е внимателно следена од непријателите на САД.

Лацатски неодамна објави книга наречена „Внатре во тајната програма за НЛО на американската влада: почетни откритија“, која привлече интерес кај многу луѓе, бидејќи Лацатски еднаш, во соработка со неговиот колега др. Колм Келехер, ја составил најобемната база на податоци поврзана со НЛО досега.

Да потсетиме, AAWSAP беше проект вреден 22 милиони долари, а беше лансиран за да се истражат бизарните и научно тешко објаснети способности на НЛО, за што американската разузнавачка заедница беше информирана од припадници на американската војска.

Слични содржини