Бирото за јавна Безбедност заедно со другите надлежни институции отпочнале со координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Акцијата ја потврдуваат и од МВР.
„Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност (БЈБ), МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителна набавка на деривати, штета од големи размери на буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, велат од МВР.
Како што објавија некои медиуми во истрагата се опфатени лица кои и претходно биле споменувани во контексти на економски криминал, но досега биле заштитени од одредени центри на моќ.