Во Бугарија наесен ќе се одржат нови вонредни парламентарни избори бидејќи трите најголеми партии во земјата не успеаја да формираат коалициска влада.
Лидерот на Социјалистичката партија Георги Свиленски изјави за новинарите дека напорите за формирање одржлива коалиција пропаднаа бидејќи предложената стратегија не го доби потребното одобрение во Националното собрание.
„Во оваа ситуација утре ќе го вратиме мандатот на претседателот“, рече Свиленски.
На претходната прозападна влада и беше изгласана недоверба на 22 јуни. Соборувањето на таа влада, која ја презеде функцијата во декември ветувајќи нулта толеранција за корупцијата, го отвора патот за нови избори.
Изборите може да значат посилно присуство на националистички и проруски групи во парламентот, според АП.