Политичка цензура или автоцензура по информација за повлекување на Путин

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Рускиот дневен весник „Московски космомолец“ од својата веб-страница отстрани интервју со руски аналитичар кој спекулира дека рускиот претседател Владимир Путин може да се повлече од функцијата пред следните претседателски избори во 2018 година.
russia-putinjpeg-046bf_c0-201-4796-2996_s561x327

Интервјуто со аналитичарот Валери Соловеи се појави на веб-странициата на весникот на 10 ноември, но брзо беше отстрането. Извори блиски до Соловеи за РСЕ велат дека тој веднаш по интервјуто ја напуштил Москва, на непозната локација.

Тој е познат по неговите точни предвидувања за политичките одлуки на Кремљ. Во интервјуто Соловеи вели дека Москва може да распише предвремени избори во 2017 година, бидејќи Путин разбирал оти Русија нема да може да ги нормализира односите со Западот додека тој е на власт./РСЕ