Политички барометар: Неопределените ќе ги одлучуваат изборите

од desk3
79 прегледи

Српската агенција Фактор Плус- Адрија, која го изработува Политичкиот барометар за балканските земји, денеска ја објави анкетата за политичките состојби во Македонија. Според ова истражување следните избори во државава ќе ги одлучат неопределените граѓани, бидејќи според анкетата, 28, 5 % од анкетираните изјавиле дека не знаат за кого ќе гласаат сеуште. Понатаму според истражувањето ВМРО-ДПМНЕ сеуште води пред СДСМ со околу 6,4 %, односно СДСМ би ги поддржале 23,5 %, а ВМРО-ДПМНЕ 29,9 %.

За подобар увид кликнете на фотографијата

IZBORI

 

Според анкетата, 55% од анкетираните изјавиле дека Договорот од Пржини е само делумно исполнет.

За подобар увид кликнете на фотографијата

IZBORI 2

 

Сепак и покрај општествените и политички влијанија 75 % од испитаниците сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.

За подобар увид кликнете на фотографијата

IZBORI 3

 

Анкетата е направена телефонски, а во неа учествувале 1250 лица од различни населени места во Македонија во периодот од 15.01 до 22.01.2016 год.