ПОЛИТИЧКИ КРАЈ НА ПАШИНИЈАН: Ерменскиот парламент не го избра повторно за премиер

од Stefanija Kuzmanovska

На специјална седница Парламентот на Ерменија не го избра единствениот кандидат за функцијата премиер на Републиката, в.д. премиерот Никола Пашинијан.

Владејачката фракција „Мој чекор“ беше воздржана од гласање, опозициската фракција „Просперитетна Ерменија“ не учествуваше на седницата, додека опозициската фракција „Светла Ерменија“ гласаше против.

Гласањето беше иницирано со цел распуштање на парламентот и одржување предвремени парламентарни избори.

Во согласност со Уставот на Ерменија, во случај на оставка на премиерот, Парламентот е должен да предложи кандидати за оваа позиција и да распише избори во рок од седум дена.

Втората фаза на гласање во ерменскиот парламент е планирана за 10 мај.

По распуштањето на парламентот, претседателот на земјата официјално ќе го одреди датумот за гласање на предвремените парламентарни избори. Изборите се очекува да се одржат на 20 јуни.

Слични содржини