“Политички земјотрес со највисок интензитет” во С.Арабија

од desk3
97 прегледи

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз го назначи својот внук принцот Мухамед ибн Најеф за престолонаследник, заменувајќи го својот помлад полубрат, соопштува “Ал Џезира”.

Рокадата беше прогласена со кралски декрет прочитан од државната телевизија во раните утрински часови на денешниот ден.

430x330 (1)

Кралот го ослободил принцот Мукрин од функцијата, откако посакал да се повлече. 55-годишниот Мухамед ибн Најеф, внук на основачот на Саудиска Арабија, ја заземаше исто функцијата министер за внатрешни работи.

Дописник на арапските медиуми истакнува дека потегот претставува голема промена во монархијата.

За прв пат внук на основачот на земјата (Ибн Сауд), а не негов син, е назначен за престолонаследник, појасни дописникот.

Директорот на Арапскиот центар во Вашингтон изјави дека рокадата претставува “политички земјотрес со највисок интензитет”.

Оваа Саудиска Арабија, која ја знаевме пред неколку часа, веќе не постои. Има сериозни промени, кои ќе имаат внатрешен, но и меѓународен ефект, додаде претставникот.

Кралот исто така, направи реконструкција во Кабинетот. Тој го замени министерот за надворешни работи Сауд ал Фејзал што ја вршеше функцијата од 1975 година Тој е заменет од дипломата Адел Ал Жубер, кој беше амбасадор на монархијата во САД од 2007 година.

Кралот Салман ја зеде власта во Саудиска Арабија во крајот на јануари по смртта на полубратот – кралот Абдула.

Со преземањето на власта 79-годишниот монарх направи големи промени во кабинетот. Тој замени 9 министри, вклучувајќи и за финансии и нафта.

Саудиска Арабија е една од малкуте останати апсолутни монархии во светот.