Настапот на демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден на дебатата со противкандидатот Доналд Трамп ги вознемирил демократите до тој степен што поединци „сериозно“ ја разгледуваат можноста да го заменат на листата, објави денешен „Политико“.
Тројца стратези блиски до тројцата потенцијални демократски претседателски кандидати, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека нивните мобилни телефони се „запалиле“ за време на вчерашната дебата, од повици на луѓе кои барале, Бајден да биде заменет со друг кандидат. Но како што истакна еден советник тоа „не е можно многу доколку Бајден не се повлече сам“.
Еден поддржувач на Бајден коментираше дека е време претседателот да ја заврши кампањата и дека дебатата е „најлошата изведба на Бајден досега“.
– Бајден беше толку лош што никој нема да обрне внимание на лагите на Трамп. „Бајден мора да се откаже, рекол тој.
За некои демократи, Бајден не заостанувал во својот настап во однос на Трамп. Шефицата на кампањата на Бајден, Џејн О’Мали Дилон, рече дека Бајден „претставил позитивна и победничка визија за иднината на Америка“, додека Трамп понудил „темна слика за тоа како ќе изгледа Америка ако се врати во Белата куќа“.
Демократскиот консултант Стефани Катер рече дека Бајден е демократскиот кандидат и тоа нема да се промени поради една дебата.