Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја кандидат за членство во ЕУ, пишува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.
Еврокомесарите разговараа за ова прашање вчера, а по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лејен во саботата на Украина.
„Европската комисија не заборава дека Украина е единствената земја во Европа каде што умираат луѓе, каде што се пука на луѓе на улица затоа што носат знамиња на ЕУ“, изјави висок претставник на ЕК.