Две момчиња се ранети во тетовско Вејце, откако во нив пукал полицаец со службениот пиштол. Полицаецот не бил на должност, а настанот се случил во објект за видео игри.

На 11.03.2019 околу 23:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол.
Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Веднаш се преземени мерки и активности од страна на пполициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв.
Во 23:40 часот во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В..
Н.Х. е задржан во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Тој денеска заработи осум дена притвор за двојното кривично дело.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.