Ким Потер, полицајка која пукаше во 20-годишниот Афроамериканец во Минеаполис Донти Рајт, беше уапсенa и обвинета за убиство од втор степен.
Четириесет и осумгодишната Ким Потер, која пукаше во Рајт пред неколку дена, најпрво беше однесена во затвор, а потоа беше ослободена со кауција од 100.000 долари. Таа е обвинета за убиство од втор степен и треба да се појави денес пред судот, се наведува во извештајот од затворот пренесен од Еј-Би-Си Њуз.
Во федералната држава Минесота, убиството од втор степен се применува кога властите тврдат дека некое лице предизвикува нечија смрт „со кривично невнимание, при што тоа лице создава неразумен ризик и свесно ризикува да предизвика некому смрт или голема телесна повреда“.
Си-Ен-Ен посочува дека на секој осуден за убиство од втор степен му се заканува затворска казна од 10 години и/или парична казна до 20.000 долари.