Полицијата апсеше на „Ленинова“

од Nikola Popovski
210 прегледи

Скопската полиција приведе лице од скопско Батинци барано со централна потерница за сторени кривични дела.

-На 25.07.2022 во 22.15 часот на улица „Ленинова“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(24) од с.Батинци, скопско.

Тој бил баран по централна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за спроведување истражна постапка, поради сомнение за сторени кривични дела по член 258 и член 141 од Кривичниот законик. На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, велат од МВР.

Слични содржини