Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање.
Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот. Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи.
Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“. Во неа има 64 станови живеат околу 300 лица.