305
Полициските службеници од МВР вчера имаа засилена акција на територија на Македонија за прекршоците кои ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 237 возачи.
„Од нив, 145 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 44 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштија од МВР.