330
Полициски службеници од ОВР Кочани го уапсиле 48-годишниот С.С. од Кочани на 09.05 во 19.15 часот.
„При преглед во возилото „опел астра“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана“, соопштија од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.